Да се ставаат кеси во зелените корпи за поефикасно подигнување на отпадот

Почитувани,

Сите домаќинства со зелени корпи да користат кеси за собирање на отпадот во истите. Тоа ќе оневозможи расфрлање на отпад надвор од комуналното возило, а при ниски температури ќе им олесни и на нашите колеги-вработени.

Домаќинства кои на овој начин го собираат отпадот најчесто не користат кеси и со тоа корпите се подигаат рачно од страна на вработените во „Комуна“, што ја отежнува работата, временски е понеефикасна и дел од отпадот може да заврши надвор од комуналното возило. Препораката не се однесува на домаќинствата кои го одлагаат отпадот во контејнери.

Апелираме на почитување на оваа насока за исполнување на заедничката цел – ефикасно собирање на отпад за почисти улици.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
22.01.2024г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево