Еден голем проект и две важни активности

Санација на скали, косење на гробишта и работа на фекална и атмосферска канализација – активности кои започнаа денес, 28.04.2025 г.

„Денеска работиме на неколку фронта. Започнавме со работа на санација на скали на улицата Тодор Проески, а започнавме со косење на трева на гробиштата и покрај променливите временски услови. Подеднакво важна денешна активост е работата на атмосферска и фекална канализација на дел од улица Коча Миленку“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Од претпријатието потенцираат дека косењето беше планирано да започне веднаш после празникот Велигден, но временските услови оневозможија да се започне и комплетира активноста. Исто така, „Комуна“ го икористува периодот на реконструкција на дел од Коча Миленку за да работи на нова канализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево