Нови корпи за домаќинства, да се вадат на главна улица за подигнување

На домаќинства од улица Таќа Бербер им се доделуваат корпи, додека контејнерот е отстранет заради поефикасно собирање на отпад и спречување на расфрлање на истиот.

„Комуна“ ги повикува овие домаќинства во понеделник и четврток да ги вадат корпите до локацијата на најблискиот контејнер на главната улица за истите да бидат подигнати од комунално возило. Исто така, се препорачува во корпите да се користат кеси.

Овој процес на отстранување на јавно поставени контејнери доаѓа како последица на несоодветно складирање на отпад и расфрлање во околината околу контејнерите. Со доделување на корпи за отпадоци фрлањето на отпадот ќе биде попрактично, а улиците почисти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево