Надминат проблемот, редовно водоснабдување за Крушево

Целосно е надминат проблемот со пумпната станица и редовното водоснабдување е повторно воспоставено.

По неколку дена макотрпна и долготрајна работа службите на „Комуна“ со асистенција на партнери и во соработка со општина Крушево го реши проблемот на пумпната станица. Замената на дел на пумпата траеше подолго од предвиденото што доведе до долги прекини на водоснабдувањето, но денес проблемот е надминат и граѓаните можат да ја користат водата без никакви прекини.

„Од страна на граѓаните наидовме на голема поддршка и разбирање, но и ние, менаџментот и вработените, ги разбираме грижите на граѓаните и нивниот револт. Важно е проблемите да се решаваат, а вакви ситуации да не се случуваат. Комуналното претпријатие ќе продолжи да работи на приоритетите и за своите активности ќе продолжи да ги информира граѓаните навремено и целосно, како и до сега“, велат од ЈПКомуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево