Започнува реконструкцијата на улица во центарот на градот која води до жичарницата. Се работи за улица која ги дели улиците Благо Целев и Таќа Бербер и нејзината реконструкција претставува големо барање на граѓаните.
![](https://komunakrusevo.mk/wp-content/uploads/2022/06/ulica-centar-2-1024x683.jpg)
„Оваа улица е една од најпрометните и највидливите затоа што е во самиот центар на градот, а исто така е најкраткиот пат до жичарницата, нешто што е важно особено во зимскиот период. Денес отпочнавме со санација затоа што оваа улица е видно оштетена и бара своевидно тековно одржување“, велат од ЈП „Комуна“ крушево.