Косење на Езеро, придонес кон When in Krusevo

Во пресрет на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo) „Комуна“ го уредува просторот околу Крушевско Езеро каде што ќе се одржуваат најголем дел од активностите.

„Од утрово косиме околу езерото. Временските услови придонесоа да имаме многу работа насекаде во град Крушево и затоа по завршување на ова место, продолжуваме да работиме во градот. „Комуна“ ќе продолжи со работа и ќе придонесува и асистира во одржувањето на настани од секаков тип, како и во инфраструктурните зафати на општината.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Во текот на вчерашниот ден во градскиот парк беа поставени нови содржини за разубавување на просторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево