Празни контејнери, а отпад надвор од нив

Почитувани,

Негативните ситуации се повторуваат, градот повторно делува загадено.

Утрово затекнавме состојба на полупразни контејнери кај градскиот пазар, а вреќи со отпад покрај самите контејнери. Ваквата состојба не оди во прилог на никој, а создава погрешна слика дека „Комуна“ и општината неефикасно се спревуваат со отпадот.

На ова место беше поставен дополнителен контејнер со цел да се задоволат потребите на угостителскиот сектор во центарот на Крушево. Преку поставување на трет контејнер создадовме капацитет за собирање на количините на отпад кои се произведуваат од локалните ресторани, кафулиња и пицерии.

Драги сограѓани,

Да не дозволиме ваквите состојби да се повторуваат. Да ги користиме достапните контејнери, а доколку е потребна измена претпријатието стои на располагање.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
17.07.2023г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево