Се спречува палење на депонијата, преземаме мерки за заштита на Крушево

ЈП „Комуна“ Крушево презема мерки на заштита на животната средина и со распрскување на средство го неутрализира самозапалувањето на депонијата.

Средството кое се користи го неутрализира метанот и по целосниот третман „Комуна“ очекува депонијата да не се самозапалува и чад да не го загадува градот.

„Ова е втора фаза од процесот. Најпрво се скенираше површината, а сега се преземаат мерки на распространување на соодветно средство со што ќе оневозможиме палење на депонијата и загадување на животната средина“, велат од претпријатието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево