Да се внесува бројот на сметка при електронското плаќање на сметки

Почитувани,

При електронското плаќање на сметки да се внесува бројот на сметка, наместо серискиот број. Бројот на сметката се наоѓа над кодот во левиот горен дел од сметката и единствено со негово внесување треба да се плаќаат сметките.

Изминатите денови забележавме дека корисници го користат серискиот број наведен на сметката кој се наоаѓа исто така во горниот лев агол, над податоците за сметката.

Апелираме на внимание и правилно внесување на податоците за ефикасно процесуирање на плаќањето.

Ви благодариме.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
06.06.2023г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево