Задоволни граѓани – ефектот од зафаќањето извори на вода

Целосно е комплетиран процесот на водоснабдување на с. Норово. Граѓаните од ова населено место добиваат доволно колични на вода, без недостатоци и прекини во водоснабдувањето, а придобивките за цела општина се уште поголеми заради намалените трошоци кон регионалниот водоснабдителен систем и ЕВН.

Процесот започна со испитување на нови гравитациони извори, нивно зафаќање и поврзување со постоечки резервоар. Денес, по комплетирање на проектот, најголема потврда за ефективноста на процесот е задоволното население.

„Гледаме задоволно население. Очекувам Норово да нема повеќе недостатоци на вода, а трошоците на „Комуна“ во делот на водоснабдувањето драстично ќе се намалат и затоа велиме дека се ова што го работевме во Норово е во корист на цеа општина.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево