„Комуна“ работи на санација на канал на влезот на градот со цел заштита на мрежата, но и безбедност во движењето.
„Работиме на влезот на градот овие денови, најпрво преку санација на потпорен ѕид, а започнавме и со санација на канал. Каналот беше отворен и длабок и претставуваше опасност за движење, а санацијата ќе овозможи заштита на мрежата.“, велат од претпријатието.
![](https://komunakrusevo.mk/wp-content/uploads/2023/03/kanal-kubala-1024x769.jpg)