![](https://komunakrusevo.mk/wp-content/uploads/2021/08/Korpi.jpg)
Поставување на корпи
Донација од Халк банка АД Скопје
Благодарение на Халк банка АД Скопје и организаторите на фестивалот When in Krusevo патеките околу Крушевско Езеро добија корпи за отпадоци. Со поставувањето на корпи се подобрува инфраструктурата за јавна хигиена и „Комуна„ очекува граѓаните да ги користат овие корпи за да се унапредува чистотата на ова популарно место.
„Голема благодарност до Халкбанка и When in Krusevo за донацијата од корпи за отпадоци. Во текот на фестивалот кој се одржа минатиот викенд ги поставивме корпите долж патеките околу Езеро и очекуваме овој простор да биде почист. Сега имаме повеќе корпи на Крушевско Езеро и повикувам граѓаните да ги користат, а ние навремено да ги празниме.“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска.
![](https://komunakrusevo.mk/wp-content/uploads/2021/08/korpi-2.jpg)
Покрај оваа донација Халк банка АД Скопје финансиски ја поддржа санацијата на малиот мост на Крушевското Езеро.
Ниту еден отпадок околу нас!