Голема акција за чистење во петок – Генералка викенд

Генералка викенд

ЈП „Комуна“ Крушево е партнер во т.н. „генералка викенд“ во кој на 7-ми мај ќе се одржи голема акција за чистење. Јавната чистота е еден од приоритетите на комуналното претпријатие и затоа истата е поддржана со расположливите ресурси.

„Ќе го опфатиме просторот околу Гумење, спортските игралишта, старото корзо и Крушевско Езеро. Ќе го исчистиме овој предел и ќе повикаме до крушевчани и туристите локациите да останат чисти. Најавивме претходно дека по должина на патеките околу езерото ќе се постават повеќе корпи. Ги покануваме сите кои се во можност да се приклучат“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Акцијата ќе започне во 10 часот во петок на Гумење, а покрај „Комуна“ и општина Крушево ќе се приклучат и основното и средното училиште. Генералка викенд е проект имплементиран од организација „Мен анд маунтин“ (Man and Mountain) со поддршка од ЕУ за тебе, Витаминка, Пакомак и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево