Post List #3
Дефект на водоводната мрежа во с. Бучин
Почитувани сограѓани од с. Бучин, Заради дефект на водоводната мрежа домаќинствата од ова населено место ќе имаат недостатоци од вода. Службите на „Комуна“ се на терен и го решаваат проблемот. Благодариме на разбирањето и трпението. Со почит,ЈП „Комуна“ Крушево.
Проверката на водомерите да се врши „онлајн“
Испрати состојба на водомер Почитувани, Зимските услови и состојбата со коронавирусот не секогаш овозможуваат службите на „Комуна“ на лице место да ја проверуваат состојбата со водомерите. Заради овие причини апелираме граѓаните да ја користат „онлајн“ алатката „Испрати состојба на водомер“…
Краток прекин на водоснабдување во Алданци
Почитувани граѓани на с. Алданци, Заради промена на вентил во наредните не повеќе од два часа ќе има недостаток од вода. Оваа тековна активност ја спроведуваме брзо и ажурно за недостатоците да бидат што е можно пократкотрајни. Ви благодариме на…
„Пријави дефект“ за побрзо решавање на проблемите
Апликацијата „Пријави дефект“ се наоѓа во десниот дел од почетната страница на „Комуна“ -komunakrusevo.mk, веднаш под „Пријави ѓубре“ и „Испрати состојба на водомер“. Со покажување на курсорот се појавува опција насловена како „Пријави“. Кликањето ќе ве однесе на формата за…
Протокот на вода во домаќинствата да биде умерен, да се превенираат мрзнење и недостатоци
ЈП „ Комуна“ Крушево на 19.01.2021 година ги извести граѓаните дека заради засилен проток на вода во домаќинствата како превенција од мрзнење дел од граѓаните се соочуваат со недостаток од вода. „Комуна“ апелира до граѓаните протокот на вода да биде…





