Post List #3
Препорачуваме превривање, можно е да дојде до заматување на водата
Можна е појава на заматување на водата, препорачуваме превривање пред конзумирање. Водата доаѓа од природните/гравитациони извори од кои се снабдува град Крушево. Се врши редовно хлорирање на водата, а во согласност со закон се испитува исправноста на истата.
Пролетното чистење започна, апел за соработка
„Комуна“ ја чисти главната сообраќајница, а ќе следи и миење на улиците. Апел до сопствениците на возила да ги отстранат истите во период на работа за акцијата да биде поефикасна. „Денес почнуваме и во наредните денови сериозно ќе се насочиме…
Дефект на ул. Питу Гули
Почитувани, Утрово детектиравме дефект на водоводната мрежа на улица Питу Гули во Крушево. Домаќинствата од оваа улица, Партизанска и центарот на градот ќе бидат без вода до надминување на проблемот. Со почит,ЈП „Комуна“ Крушево26.02.2025 г.
Дефект на главната улица, прекин во водоснабдувањето
Почитувани, Утрово идентификувавме дефект на водоводната мрежа долж главната улица. Според првичните проценки работата на дефектот би требало да одземе еден до два часа работа. После завршување на активностите ќе се воспостави редовното водоснабдување. Со почит,ЈП „Комуна“ Крушево24.02.2025 г.
Чистење и уредување на гробиштата
И покрај ниските температури денес работиме на расчистување и уредување на просторот околу градските гробишта во близина на хотелот Монтана. Оваа активност е во рамки на тековното одржување на гробиштата.










