„Комуна“ ја чисти главната сообраќајница, а ќе следи и миење на улиците. Апел до сопствениците на возила да ги отстранат истите во период на работа за акцијата да биде поефикасна.

„Денес почнуваме и во наредните денови сериозно ќе се насочиме на чистење на главната сообраќајница. По зимското одржување на улиците, односно посолување и фрлање на ризла, следи чистење и миење на главната улица. За да биде поефикасно неопходно е улицата да биде „ослободена“ од паркирани возила. Се надеваме на соработка со граѓаните, односно сопствениците на возила.“, изјавуваат од претпријатието.