Упатство за користење на апликацијата „Испрати состојба на водомер“

Преку „онлајн“ апликацијата на интернет страницата на „Комуна“ граѓаните можат да испраќаат состојба на водомер. Ова апликација ќе овозможи секој граѓанин да испрати фотографија од состојбата на водомерот со цел веродостојно наплаќање.

Апликацијата „Испрати состојба на водомер“ се наоѓа веднаш под апликацијата „Пријави ѓубре“ во десниот дел од почетната страница на „Комуна“ – komunakrusevo.mk. Со покажување на курсорот се појавува опција насловена како „Испрати“. Кликањето ќе ве однесе на формата за испраќање на состојбата на водомерот.

Во наведената форма следниве податоци треба да се внесат:

  1. Име и презиме
  2. Електронска пошта
  3. Избор на опцијата „Состојба на водомер“ како тип на барање/пријава
  4. Прикачување на фотографија од отпадот (големина до 2 МБ)
  5. И неколку зборови во однос на пријавата

Напоменуваме дека сите овие полиња се задолжителни за пополнување.

Како последен чекор се кликнува „испрати“ и со тоа за неколку моменти пријавата стигнува на електронската пошта на „Комуна“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево