
„Комуна“ започнува со инсталација на нов приклучок за вода и поврзување на домаќинство на водоснабдителниот систем. Додека траат активностите ќе настапи прекин на вода.
„Зафатот се одвива на ул. Коча Миленку и прекинот ќе започне околу 8:30 часот. Истовремено, „Комуна“ изразува жалење за состојбата од изминатите два дена и од денес се очекува стабилизирање на вдоснабдувањето. Приоритет на претпријатието е редовно и непрекинато водоснабдување и затоа доколку нема доволни количини на вода ќе се стави во функција пумпната станица во с. Норово и ќе се пумпа вода за градот“, изјавуваат о ЈП „Комуна“ Крушево.