Почитувани,
При работа на канал детектиравме мал дефект на водоводната мрежа. Водата ќе биде во краток прекин, а без вода ќе биде поголемиот дел од град Крушево.
„Ќе имаме краток прекин на вода, затоа што дефектот е од мал обем. Она што сакаме да напоменеме е дека го разбираме револтот кај граѓаните и тие се во право. Дефектите се премногу, а тоа се должи на застареноста на водоводната мрежа. Тоа претставува голем проблем и за нас затоа што преголем дел од нашите ресурси, луѓе, механизација и финансии, се трошат на дефекти.“,велат од претпријатието.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
25.06.2024 г.