Работа на Мечкин Камен, на главната улица и кон Горно Дивјаци

Подготовките на Крушево за Илинден „Комуна“ ги извршува со засилено темпо.

Се коси и уредува просторот кон и на Мечкин Камен, место кое е централно за одбележување на големиот празник Илинден. Со механизација на ЈП „Комуна“ Крушево се коси и патот кој води до населеното место Горно Дивјаци.

Службите на претпријатието се на главната улица каде што се прават подготовки за санација на афалтниот пат.

„Работиме на косење, и во градот, а со тоа на Мечкин Камен, и кон с. Горно Дивјаци за да обезбедиме безбедно и ефикасно движење до ова населено место. Исто така, учествуваме во санација на ударните дупки во градот преку подготовка на теренот за асфалтирање.“, велат од претпријатието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево