Отпадот во лето ќе се собира попладне и навечер

Во лето ЈП „Комуна“ отпадот ќе го собира во попладневните часови односно од понеделник до петок од 14 до 21 и 30, а во сабота од 15 до 20 часот. Ова важи за месеците јуни, јули и август.

Претпријатието врши поделба на работното време, односно го дели на зимско и летно. Така нареченото зимско собирање на отпадот останува исто како и досега и ќе се одвива на тој начин од септември до крајот на месец мај

Напоменуваме дека ова не значи било каква промена во распоредот на собирање на отпадот, единствено се менува работно време. Отпадот ќе се собира во истите денови според распоредот, но во попладневните и вечерните часови.

„Промената на работното време во летните месеци е во насока на поефикасно собирање на отпадот и создавање на почиста средина. Со ова овозможуваме отпадот во утринските и пладневните часови да биде собран и да не се создаваат неубави слики со насобран отпад. За таа цел апелираме и граѓаните да ни се приклучат во оваа акција со тоа што ќе го одлагаат отпадот во истите денови како досега, но после 14 часот. Очекувам со оваа промена да придонесеме за почист град и почиста туристичка дестинација“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

За било какви информации и нејаснотии ги повикуваме граѓаните да не контактираат преку официјалната страница на „Фејсбук“ или на следниот телефонски број: 070 340 964 – Даница Кондоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево