Затекнато несоодветно исфрлање на отпад

Локација: Центар

Од страна на службите на „Комуна“ утрово повторно беше затекната лоша состојба со исфрлањето на отпадот во контејнерите. Имено, на местата со два контејнери затекнуваме состојба на преполнетост и расфрланост околу едниот контејнер, а полупразен втор контејнер. Контејнерите се лоцирани еден до друг заради количината на отпад која се собира.

Исто така, расфрлан отпад има и до контејнерите за стакло и пластика.

„Комуна“ повторно апелира на паметно селектирање на отпадот. Да се користат достапните контејнери и да не се расфрла отпадот околу. Целосниот капацитет на двата контејнери секогаш да се користи за да обезбедиме чиста животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево